208
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека во главниот град на Украина нема руски војници и дека продолжува да се брани од нападот.
Кличко рече дека „војската, агенциите за спроведување на законот и територијалната одбрана“ продолжуваат да „откриваат и неутрализираат саботери“.
Граѓаните на Киев добија наредба да не излегуваат на улица до понеделник, со предупредувања од властите дека секој што ќе се појави ќе биде „сметан за член на диверзантски групи на непријатели“.
Во пораката на Телеграм во неделата, Кличко рече дека од почетокот на руската инвазија, девет цивили се „изгубени или убиени“ во Киев, вклучително и едно дете.
Руските сили наводно се во предградијата од петокот, а гранатирање и пукотници се слушаат околу Киев.