Кремљ: Русија ќе ги надмине санкциите

од Milan1
330 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Русија ќе ги „преживее“ западните санкции кои доведоа до пад на рубљата.

„Западните санкции против Русија се тешки, но нашата земја го има потребниот потенцијал да ја надомести штетата“, рече Песков, а пренесува Би-би-си.

Тој додаде дека „денес Путин ќе работи на економски прашања“ и ќе се сретне со клучните министри, вклучително и министерот за финансии и гувернерот на централната банка.

Во меѓувреме, централната банка соопшти дека денеска нема да се отвори Московската берза.

Слични содржини