Преговорите завршија: Советникот на Зеленски ги повика руските сили да ја напуштат Украина

од Milan1
260 прегледи

Советник на украинскиот претседател повика денеска за време на преговорите меѓу руската и украинската делегација да се повлечат сите руски сили од украинска територија, вклучително и оние на Крим и Донбас, пренесоа украинските медиуми.

Советникот на украинскиот претседател повика денеска за време на разговорите меѓу руската и украинската делегација да се повлечат сите руски сили од украинска територија, вклучително и оние во Крим и Донбас, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на коментари и лични ставови на Алексеј Арестович, советник на претседателот Зеленски, член на украинската делегација, објави Ројтерс.

Разговорите меѓу руската и украинската делегација се одржаа во Белорусија, во регионот Гомел, кој се наоѓа во пограничната зона со Украина.

Герашченко: Преговорите меѓу Русија и Украина се завршени

Преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина завршија, соопшти денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

„Преговорите меѓу Украина и Руската Федерација се завршени“, напиша Герашченко на Телеграм каналот а пренесе украински Интерфакс.