Бишевац: Влегуваме во нова Студена војна

од Nikola Popovski
313 прегледи

Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац смета дека војната во Украина нема да заврши во кратко време.

-После 24 февруари светот повеќе не е ист. Влегуваме во форма на нова Студена војна, блоковска поделеност, мултиполарен безбедносен систем, кој допрва ќе се гради. Тоа што денеска немаше конкретен резултат од преговорите во Белорусија е сосема очекувано, вели Бишевац во емисијата „Само вистина“.

Според него, не може да се постигне решение на првата рунда преговори.

-Потребно е време за некаков успех, знаејќи ги целите на едните и другите. За жал и понатаму ќе бидеме сведоци на понатомошно разорување, цивилни и воени жртви, бегалски бранови и се што носи една војна, потенцира Бишевац, додавајќи дека Украина е многу важна за Русија.

-Путин нема да дозволи Украина да биде дел од НАТО. Руското „њет“ за Украина значи „њет“, оценува Бишевац.

Слични содржини