259
Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи Ариндам Багчи на Твитер потврди дека во рускиот напад на Харков утринава загинал студент од Индија.
„Со длабока тага потврдуваме дека индиски студент утрово го загуби животот во гранатирањето во Харков. Министерството е во контакт со неговото семејство“, рече тој.