Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите дека се подготвуваат да го нападнат главниот град на Украина, јавува Би-Би-Си.
Во соопштението објавено попладнево, руските власти соопштија дека нивните сили се подготвуваат да извршат „напади со висока прецизност“ врз „технолошките центри на украинските безбедносни служби и центарот за психолошка војна во Киев“.
„Ги повикуваме граѓаните на Украина кои националистите ги користат за провокации против Русија, како и жителите на Киев кои живеат во близина на радио комуникациски станици, да ги напуштат своите домови“, се додава во соопштението.
Официјални лица тврдеа дека нападите биле извршени за да „спречат информативни напади врз Русија“.