246
Околу 70 Јапонци одговориле на украинскиот повик за странски доброволци да се борат против руската инвазија, јавуваат денеска западни медиуми.
„Заклучно вчера, околу 70 Јапонци вклучително и 50 поранешни членови на јапонските сили за самоодбрана и двајца ветерани од француската Легија на странци се пријавиле да бидат доброволци во војната против Русија, објави дневниот весник Мајничи Шимбун, цитирајќи компанија од Токио која се занимава со организирање на доброволците.
Портпаролот на Украинската амбасада соопшти дека примале повици од луѓе кои „сакаат да се борат за Украина”, но рече дека не знаат ништо повеќе за доброволците.