Зеленски тврди: Речиси 6.000 руски војници убиени во Украина

од Milan1
170 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео на својот Фејсбук профил.

„Украинците денес се симбол на непобедливоста. Симбол дека луѓето во која било земја можат да станат најдобри луѓе на земјата во секое време. Слава на Украина!“, рече украинскиот претседател.

Зеленски тврди дека речиси 6.000 руски војници биле убиени во првите шест дена од инвазијата. Русија се уште не објавила податоци за тоа.

Украинскиот претседател тврди дека Русите не можат да ја добијат оваа војна со „бомби и проектили и ракети“ што ги испраќаат во украинските градови во последните денови, пишува „Sky News“.

Тој, исто така, рече дека Русија „сака да ја избрише нашата историја“ откако руска ракета погоди споменик на холокаустот во Киев во вторникот.