Руските напади врз украинските градови продолжуваат седми ден. Вчера руски војници влегоа во Херсон и Харков, а експлозии и борби има на територијата на Киев. Во текот на ноќта ракетиран е и Житомир, а наместо аеродромот, Украинците тврдат дека ракетите ја погодиле семејната куќа во која загинаа четири лица, меѓу кои и едно дете.
Според украински извори, во вчерашното гранатирање на Харков загинале најмалку 10 лица, а во текот на попладневните часови Русите ја ракетираат ТВ кулата кога загинале најмалку пет лица.
Денес дипломатите на Европската унија одобрија нови санкции против Белорусија поради поддршката на руската инвазија на Украина.
Санкциите особено ќе погодат некои сектори од економијата, оние поврзани со дрвото, челикот и калиумот, се наведува во соопштението.
Истовремено руските војници се обидуваат да го блокираат Киев. Кон Киев оди 30 баталјонски тактички групи на руската армија. Руските војници се обидуваат да го блокираат главниот град на Украина, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.