254
Влезот на Украина во Европската унија би бил политички чин, но тоа не може да се направи преку ноќ, изјави шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.
„Советот на земјите-членки на ЕУ треба да одлучи. Тоа би бил политички чин, бидејќи пристапувањето во ЕУ е процес кој отсекогаш бил долг и тежок. Треба да се даде јасен сигнал дека Европа ја прифаќа Украина како дел од европското семејство. Официјален прием не е можен преку ноќ, но мора да се дадат политички пораки, а Советот на Европа мора да го стори тоа“ рече Борел.