Европски министер бара Русите да го ликвидираат Путин

од Nikola Popovski
284 прегледи

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн денес побара од рускиот народ да го елиминира рускиот претседател Владимир Путин за да ја запре војната.

Во интервју за јавното радио 100,7, министерот изрази жалење што руските граѓани не добиваат доволно информации за војната во Украина преку руските државни медиуми.

-Ако рускиот народ види што прави Путин во Украина, колку Украинците се плашат и колку човечки животи може да има на својата совест, тогаш ќе го соборат Кремљ, рече Аселборн.

Министерот додаде дека тоа е можеби сè што може да се посака.

-Путин да биде навистина физички ликвидиран за да се запре сето тоа.

Запрашан од АФП, Жан Аселборн објасни дека „тоа го кажал под влијание на емоции“ откако западните дипломати на местото на настанот го информирале дека руската армија го напаѓа цивилното население во Украина, спротивно на тврдењата на Кремљ.

Луксембуршкиот министер потенцира дека е песимист за изгледите за решавање на конфликтот преку дипломатија и преговори.