Градоначалникот на Херсон: Градот е под руска контрола, воведоа нивни правила

од Nikola Popovski
248 прегледи

Градоначалникот на Херсон, Игор Коликаев објави статус на својот официјален Фејсбук профил во кој сугерира дека градот е под руска контрола.

Тој напишал дека во канцеларијата на градската влада денеска имало вооружени посетители, мислејќи на руски војници и дека им рекол дека во градот нема украински војници, туку само цивили кои сакаат да живеат тука.

Тој додава дека руските сили вовеле полициски час од 20 до 6 часот наутро, но дека возилата со храна и лекови ќе можат да влезат во градот. Тој исто така напишал дека автомобилите во градот мора да возат со минимална брзина и дека на пешаците им е забрането да се движат во групи од повеќе од две лица.

– Засега е така како што е. Украинското знаме се уште е над нас, а за да остане така, мора да ги почитуваме овие барања – напиша тој.

Би-Би-Си додава дека не може да ги потврди овие наводи, но веќе во текот на денот пристигнала информација дека Херсон е во руски раце, што Украинците го демантираа.

Слични содржини