210
Милион бегалци ја напуштија Украина и заминаа во соседни земји од почетокот на рускиот напад пред недела дена. За ова информираше денеска, високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Филипо Гранди.
„За само седум дена, бевме сведоци на егзодусот на милион бегалци од Украина во соседни земји”, напиша Гранди на Твитер.
Тој додаде дека за милиони други лица, внатре во Украина, време е оружјето да „стивне”, за да може да пристигне хуманитарната помош и да се спасат човечки животи.