Што се случува со рускиот конвој кој се движи кон Киев?

од Milan1
311 прегледи

Колона од руските борбени возила, кое е снимено како се движи кон Киев, моментално е во мирување. „Според нашите најдобри проценки, тие не постигнаа никаков значаен напредок во последните 24 до 36 часа“, изјави Џон Кирби, портпарол на американското Министерство за одбрана на вчерашната средба во Пентагон, пренесува хрватскиот медиум Вечерни.хр. (vecernji.hr).

Тој претпоставува дека конвојот е во мирување додека руските сили се регрупираат и повторно го оценуваат напредокот што не го постигнале. Тој додаде дека причината за тоа се секако „логистичките и одржливи предизвици“, како и отпорот на Украинците.

Непроверени извештаи велат дека војниците немаат гориво и храна. Официјални лица во регионите кои потпаднаа под руска власт тврдеа дека војниците ги ограбувале супермаркетите во потрага по намирници и дека оброците што ги обезбедувала армијата биле истечени. Иако на почетокот се мислеше дека конвојот е долг 64 километри, подоцна се покажа дека не е толку долг, туку колона од околу 10 километри.

Според проценката на британската воена разузнавачка служба, во последните три дена конвојот забележал мал напредок. Поголемиот дел од воената колона, која се приближува кон главниот град од север, „останува на повеќе од 30 километри од центарот на градот бидејќи руската армија наидува на силен украински оклоп со силен украински отпор, но и механички дефекти и гужви“, се вели во британскиот извештај.

Слични содржини