Градоначалник лојален на Русија е убиен во Украина (ФОТО)

од Milan1
398 прегледи

Градоначалникот на градот Кремењаја, Владимир Струк, од делот на Донбас под контрола на Украина, бил убиен, соопшти украинскиот политичар Алексеј Журавко, кој ги поддржува руските сили, а пренесува „Дејли мејл“.

Според Журавко, Струк му понудил на градскиот совет на Кремењаја да започне мировни преговори со руските сили и полицијата на ЛНР. На први март, но бил киднапиран од луѓе во камуфлажни униформи. Неговото тело беше пронајдено на 2 март со прострелна рана во срцето.

Смртта на Струк ја потврди советникот на шефот на Министерството за внатрешни работи на Украина, кој изјави дека „непознати патриоти го застрелале предавникот на Украина Струк, според законите на воено време“.

Поранешниот командант на Азовскиот полк, началникот на Централниот штаб на националниот корпус Максим Жорин „Мосе“ објави фотографија од убиениот градоначалник на Кремењаска, Владимир Штрук.

Слични содржини