Пентагон: Воспоставивме комуникација со Москва за да спречиме воени инциденти

од Nikola Popovski
262 прегледи

Поради ситуацијата во Украина, Пентагон на 1 март воспостави канал за комуникација со Министерството за одбрана на Русија, со цел да се спречат воени инциденти, соопштил претставник на американското Министерство за одбрана.

„Американското Министерство за одбрана неодамна воспостави канал за комуникација со руското Министерство за одбрана на 1 март со цел да се спречат погрешни пресметки, воени акции и ескалација“, изјавил за „Спутник“ соработник на Пентагон.

Тој додал дека Вашингтон, како и досега, одржува неколку канали за комуникација со Москва „со цел да се разговара за најважните безбедносни прашања во случај на непредвидени околности или вонредна ситуација“.

Бројни медиуми претходно објавија дека Пентагон сака да воспостави канал за комуникација со Русија поради ситуацијата во Украина, сличен на оној што беше воспоставен во врска со настаните во Сирија во 2015 година.

Слични содржини