Русија ја претрпе досега најголемата загуба во војната во Украина?

од Nikola Popovski
355 прегледи

Високиот припадник на руската армија, Андреј Суховецки, наводно бил убиен за време на нападот во Украина, објавија локалните украински медиуми, повикувајќи се на објавата на неговиот колега на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, украинските медиуми објавија дека Суховецки, кој е и заменик командант на 41-та комбинирана армија на Централниот воен округ, бил убиен во средата.

Министерството за одбрана во Русија се уште официјално не ја потврдило неговата смрт, но оваа вест на социјалните мрежи ја објави неговиот колега Сергеј Чипилев, а ја потврдија и неколку руски и украински медиуми.

– Со големо жалење ја примивме оваа вест за смртта на нашиот пријател генерал-мајор Андреј Александрович Суговецки, на територијата на Украина за време на специјалната воена операција, се наведува во соопштението, пренесува „Newsweek“.

Неименуван извор близок до армијата потврди дека тој наводно бил убиен од украински снајперист, а потоа рече дека погребот на генерал-мајорот, кој во моментов се смета за највисоко рангиран Русин убиен во конфликтот, ќе се одржи во сабота во неговата родна Русија.

Засега нема информации каде е убиен Суховецки. 47-годишниот бил високо одликуван ветеран кој бил назначен за заменик командант на 41-та дивизија во октомври 2021 година.

Властите во Москва вчера објавија дека за време на војната во Украина загинале 498 руски војници, а 1.600 биле повредени. Во меѓувреме, украинските вооружени сили денеска соопштија дека руската армија претрпела 9.000 жртви.

Фото: Profimedia/TASS/Sergei Malgavko