Целосно уништен најголем авион во светот (ВИДЕО)

од Milan1
311 прегледи

Објавена е снимка од целосно уништениот Антонов Ан-225, најголемиот авион во светот. Овој гигантски авион беше уништен во руски напад на аеродромот во Киев пред неколку дена. Антонов Ан-225 , најголемиот во светот, беше уништен пред неколку дена во напад на аеродромот Хостомел во близина на Киев. Сега се објавени снимки на кои се гледа дека од авионот не останало речиси ништо.

Видеото од аеродромот Хостомел го објави руската државна телевизија. Новинарот рече дека аеродромот е под контрола на руските воздухопловни сили и дека Украинците го уништиле Антонов, пренесува Дневник.хр.

„Тука можете да видите како изгледа ова место. Не е многу безбедно бидејќи на теренот има секаква муниција. Украинската артилерија го гранатираше аеродромот и се гледа што остана од него, а има и запалена украинска опрема. Исто така, проектилите паднале на хангарот каде се наоѓал најголемиот патнички авион на светот Ан-225. Украинската артилерија го нападна и повеќе го нема“, изјави новинар од руската телевизија.

Слични содржини