Столтенберг: НАТО мора да ги поддржи БиХ и Грузија, голем е влогот

од Nikola Popovski
221 прегледи

Вклучувањето на НАТО во конфликтот во Украина може да доведе до ширење на војната во Европа, изјави генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.

„Влегувањето на НАТО во борбата во Украина може да доведе до ширење на војната во Европа и зголемено страдање. Наша одговорност е да направиме се за да спречиме ширење на војната надвор од Украина, бидејќи тоа би довело до уште поголеми страдања“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Украинските власти повикаа на зона на забранети летови над Украина за да се запре руското крвопролевање и, како драматично предупредување, ги повикаа трупите на НАТО да помогнат додека Русија не ја „претвори целата земја во пустина“.

Меѓу другото, Столтенберг се осврна и на прашањето за БиХ и Грузија.

„Сојузниците на НАТО со години ги поддржуваат Грузија и БиХ. Градиме капацитети, имаме центри за обука во Грузија, спроведуваме заеднички вежби и спроведуваме различни активности. Не донесовме никакви конечни одлуки, но постои консензус дека треба да направиме повеќе за овие земји за да ги зајакнеме нивните одбранбени и безбедносни институции и да ги спроведат реформите.

На примерот на Украина, видовме дека тие се изложени на ризик, можеби од потенцијални напади на руските воени сили. Сојузниците на НАТО и даваат поддршка на Украина, мора да запомните дека тоа го правиме со години, сега ги интензивиравме нашите напори и тоа е клучно во овој момент. Што се однесува до зоната на забранети летови, сојузниците се согласија дека не треба да имаме авиони на НАТО над украинска територија. НАТО не сака војна со Русија. Амбицијата на Кремљ е повторно да ја воспостави својата сфера на интереси и да го ускрати правото на другите земји да го изберат својот пат. Затоа, НАТО мора да ги поддржи Грузија и БиХ, земјите во ризик. Оваа војна воспостави нова нормала за нашата безбедност. Мора да избегнеме конфликт во годините што доаѓаат. Голем е влогот. Дали ќе надвладее демократијата или авторитарен режим и прашање е во каков свет сакаме да живееме“, рече тој.

Слични содржини