Руското тело за надзор на телекомуникациите Роскомнадзор соопшти дека од денеска Фејсбук е целосно блокиран на целата територија на најголемата земја во светот.
– На 4 март 2022 година беше донесена одлука за блокирање на пристапот до Facebook (сопственост на Meta Platforms Inc.) на територијата на Руската Федерација. Од октомври 2020 година, според одлуката на Роскомнадзор, забележани се 26 случаи на дискриминација на руските медиуми и информативни ресурси од страна на Фејсбук, стои во соопштението.
Од таму додаваат дека во последните денови оваа платформа има ограничен пристап до профилите на ТВ каналите Звезда, РИА Новости, Спутник, Русија денес, Лента.ру и Газета.ру.
– Овие ограничувања се забранети со федералниот закон бр. 272-ФЗ, со цел да се избегне кршење на основните принципи за слободен проток на информации и непречен пристап на руските корисници до руските медиуми на странските интернет платформи – се вели во одлуката.