Жителите во Херсон на протест: Ги молат Русите да се вратат во Русија (ВИДЕО)

од Берта Китинска
290 прегледи

Украинците во градот Херсон, кој оваа недела беше окупиран од Русија, одржаа демонстрации против окупацијата, пренесува „Гардијан“.

– Доколку ситуацијата во градот не се смири, Русите ќе почнат да ги тероризираат сите – пишува во објава на Твитер во која има видео од протестот.

Сведокот изјави за Интерфакс-Украина дека жителите извикуваат слогани и ги молат Русите да се вратат во Русија веќе неколку часа. Како одговор, Русите испукале рафали во воздух, но подоцна го напуштиле центарот на градот.