256
Мандатaрот за состав на новата влада на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, изјави дека доколку се формира, новата извршна власт ќе донесе неколку одлуки со кои ќе се обезбеди, како што се наведува, „уште посилна поддршка на сојузниците за да се потисне руската агресија“.
Ова го соопшти Владата на Црна Гора по разговорите на Абазовиќ со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, американскиот дипломат рече дека Црна Гора може да смета на помошта од САД.
Абазовиќ и Ескобар разменија мислења за претходните настани во Украина и потенцијалните идни активности за санкционирање на Русија за напад на Украина.