Сектор „Дрвореди“ расчистува паднати дрвја

од Vladimir Zorba
249 прегледи

По обилните снежни врнежи екипите од Секторот „Дрвореди“ работат на расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации низ градот.

Предност во расчистувањето имаат дрвјата паднати врз коловози заради обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот, велат од администрацијата на Данела Арсовска.

Екипите досега интервенираа на ул. Цицо Поповиќ бр 5 , ул. Мирослаб Крлежа, бул.Теодосие Гологанов, ул.Загребска бр 28 кај црквата Св.Јован, ул.Лазар Личеновски и ул. Димитрија Чуповски.

„Поради постојаните дојави за паднати дрвја и гранки кои ги добиваат службите од граѓани екипите од Градот Скопје со ЈП Паркови и зеленило продолжуваат со расчистување на теренот и во текот на денешниот ден“, додаваат оттаму.

Слични содржини