Уште еден обид за евакуација на цивили од опколениот пристанишен град Мариупол не успеа поради руското гранатирање, изјави денеска украински официјален претставник.
Евакуацијата требаше да започне напладне по локално време (11 по средноевропско време) и да трае до 21 часот кога беше договорен локален прекин на огнот, соопштија претходно денеска украинските воени власти.
Советникот на Министерството за внатрешни работи, Антон Герашченко, изјави дека планираните евакуации по одредени хуманитарни коридори се прекинати поради тековниот напад.
„Не може да има зелени коридори бидејќи само болниот мозок на Русин одлучува кога и каде да пука“, напиша тој на Телеграма.