Словачката полиција објави фотографии од 11-годишно момче кое дошло на границата со Словачка од Запорожје, градот каде што руските сили во петокот гаѓаа нуклеарна централа.
„Дојде потполно сам затоа што родителите морале да останат во Украина. Волонтерите се погрижија за него, го згреаа, му дадоа да јаде и пие. Исто така му подготвија се и за патувањето.Сите ги освои со својата насмевка!Тој е бестрашен и решителен, вистински, вистински херој“, напишала словачката полиција на својата Фејсбук страница.
Од полицијата потврдија и дека благодарение на бројот на раката и пасошот на момчето успеале да стапат во контакт со неговите роднини, кои подоцна дошле да го земат и се грижеле за него.