Макрон: Го поздравувам јасниот став на Србија за војната во Украина

од Берта Китинска
248 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон во саботата во телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ја поздравил јасната позиција на Белград во меѓународните тела за војната во Украина и потребата од почитување на суверенитетот на државите, соопшти денеска Елисејската палата.

Макрон ја истакна блиската соработка меѓу двете земји и потсети на пријателството меѓу Франција и неговата лична поддршка за Србија.

Тој оцени дека војната во Украина бара ЕУ и сите земји блиски до неа, а особено оние кои, како Србија, имаат европска перспектива, заеднички да ги разгледаат начините и средствата за дополнително зајакнување на врските и изградба на заедничка иднина за сите Европејци.