Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до Западот да ги зајакне санкциите против Русија.
Во видео изјава тој ги критикуваше западните лидери што не одговорија на претходните најави на руското Министерство за надворешни работи дека ќе го нападне воено-индустрискиот комплекс на Украина.
„Не слушнав ниту збор на осуда од западните лидери“, рече Зеленски.
„Ставот на агресорите е јасен сигнал за Западот дека санкциите наметнати на Русија не се доволни.
Претходно руското Министерство соопшти дека нивните сили имале намера да го нападнат комплексот, како што рекоа, со „прецизно оружје“, и наредиле персоналот да се оддалечи, пренесе руската агенција „Тасс“.