На барање на францускиот претседател Емануел Макрон упатено до рускиот лидер Владимир Путин, руските вооружени сили ќе објават прекин на огнот и отворање на хуманитарни коридори од Киев, Мариупол, Харков и Суми во 10 часот, објави меѓуресорски координативен штаб за хуманитарен одговор во Украина.
„Имајќи ја предвид катастрофалната хуманитарна ситуација и нејзиното нагло влошување во градовите Киев, Харков, Сума и Марипул, како и на лично барање на францускиот претседател Емануел Макрон до рускиот претседател Владимир Путин, руските вооружени сили објавуваат прекин на огнот на 7 март 2022. и во 10 часот и отворање на хуманитарни коридори“, пренесува Танјуг.
Според „РИА Новости“, коридорот од Киев ќе води до Белорусија, а цивилите кои сакаат да го напуштат Харков ќе имаат само коридор што води кон Русија. Коридорите од Марипул и Суми ќе водат до други украински градови и до Русија.
Претходниот договор за евакуација на граѓаните од Мариупол вчера пропадна.
Руската страна објави и дека за отворањето на коридорот ги информирала специјализираните агенции на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Како што се наведува, Русија со помош на дронови ќе го контролира излегувањето на жителите од градовите.
„Затоа, предупредуваме дека сите обиди на украинската страна да ја измами Русија и целиот цивилизиран свет и да се обиде да ја обвини Руската Федерација за можно попречување на хуманитарната операција овојпат ќе бидат бескорисни и бесмислени“, се нагласува.
Се очекуваат конкретни акции од официјален Киев и администрацијата на другите градови каде ќе бидат отворени хуманитарни коридори.
„Бараме од украинската страна строго да се придржува до сите услови за создавање хуманитарни коридори во споменатите области и да обезбеди организиран излез на цивили и странски државјани“, соопшти рускиот координативен штаб.