Повеќе од милион бегалци влегле во Полска од Украина

од Milan1
168 прегледи

Повеќе од милион бегалци влегле во Полска од Украина од почетокот на рускиот напад на 24 февруари, соопшти полската гранична служба.

„Бројот на бегалци кои се преселиле од Украина во Полска надмина еден милион. Тоа се милион човечки трагедии“, објави сервисот на Твитер, пренесува Би-Би-Си.

Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната, јави Танјуг.

Високиот комесар Филипо Гранди рече дека тоа е најбрзата бегалска криза од Втората светска војна.

Слични содржини