Шефот на кинеската дипломатија: САД сакаат да создадат азиско НАТО

од Milan1
451 прегледи

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска го обвини официјален Вашингтон дека се обидува да создаде азиска верзија на НАТО, односно американско-европска воена алијанса, а во исто време ја повика администрацијата на Џо Бајден да ги подобри односите со Северна Кореја.

„Американската политика кон Источна Азија и Индискиот Океан и напорите за зајакнување на воените врски со Јапонија, Австралија и Индија се катастрофа што ги поткопува регионалниот мир и стабилност“, рече Ванг Ји на прес-конференција.

Тој истакна дека САД играат геополитички игри под изговор дека промовираат регионална соработка, што, како што тврди, е спротивно на регионалните желби за соработка и осудено е да нема иднина.

Ванг исто така рече дека Вашингтон собира и организира сојузници со цел да ја потисне Кина.

„Вистинската цел на „Индо-пацифичката стратегија“ е да се создаде индо-пацифичка верзија на НАТО“, рече кинескиот дипломат.

Ванг ја повика администрацијата на Бајден да го оживее „духот“ на договорите од 1970 година кои придонесоа за воспоставување на односите на САД со комунистичката влада во Пекинг, велејќи дека Вашингтон треба да се врати на вистинскиот пат на рационалност и прагматизам.

Слични содржини