ЕУ подготвува нови санкции против Русија поради „негрижата на Кремљ кон цивилите (вклучувајќи жени и деца)“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа потсети во Брисел, пред средбата со италијанскиот премиер Марија Драги, дека ЕУ веќе воведе три пакети санкции кон Русија, но „сега мораме да се погрижиме да нема дупки и ефектот од санкциите да биде максимизиран“, изјави Си-Ен-Ен.
„Постојните санкции се многу болни. Гледаме турбуленции во руската економија“, рече таа.
Таа посочи дека и ЕУ мора „да се ослободи од зависноста од рускиот гас, нафта и јаглен“, а утре ќе претстави предлози за начините на кои Унијата може да го диверзифицира снабдувањето со енергија од Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара и построги санкции против Русија.