Макрон: Ситуацијата во Украина од ден на ден се влошува

од Milan1
185 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ситуацијата во Украина секој ден се влошува и дека Франција ќе продолжи да врши притисок врз Русија преку санкции.

„Ситуацијата се влошува секој ден. Луѓето умираат, постои замор.  Не успеавме да постигнеме прекин на огнот“, изјави Макрон, а пренесува Ројтерс.

Русија денеска најави отворање на нови „хуманитарни коридори“ за транспорт на Украинците заробени во артилериските зони, но кон Русија или Белорусија, што Киев веднаш го осуди и го оцени како „неморален трик“.