Според декретот што денеска го потпиша унгарскиот премиер Виктор Орбан, таа земја ќе дозволи распоредување на трупи на НАТО во западна Унгарија и испорака на оружје за другите членки на Алијансата да минуваат низ нејзина територија.
Според Ројтерс, во декретот, сепак, се наведува дека Унгарија не дозволува испорака на смртоносно оружје преку нејзина територија до Украина, јави Танјуг.