Кина: Потезите на НАТО предводено од САД се причина за кризата во Украина

од Milan1
180 прегледи

Потезите на НАТО предводено од САД се причината што доведе до „критична точка” на тензиите меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан.

На редовниот брифинг пред медиумите тој ги повика САД сериозно да ги земат предвид забелешките на Кина и да избегнуваат активности со кои се поткопуваат кинеските интереси, како по однос ставот што Пекинг го има по украинското прашање, така и по однос кинеските врски со Русија.