288
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ќе побара од шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи да понесе одговорност за тоа што не ги предупредил граѓаните за руската агресија врз Украина.
„Мислам дека С. Македонија како земја членка на НАТО треба да има информации, ако имаа точни информации тогаш треба да имаме и одговорности. Десетици семејства, деца и мајки, родители, граѓани и државјани на Северна Македонија ги оставивте во Украина, а сега во време на војна да се обидувате да создадете коридори за излез од кризните огништа. Ако министерот знаел за инвацијата, тогаш треба да преземе одговорност за секое семејство што е денес таму“, порача Села.