Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нејзините системи за следење на нуклеарниот материјал во нуклеарната централа Запорожје во Украина престанале да испраќаат податоци до нејзиното седиште во Виена.
Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изрази загриженост поради ненадејниот прекин на протокот на такви податоци до седиштето на МААЕ во Запорожје и Чернобил, каде што се присутни големи количини потрошено или свежо нуклеарно гориво и други нуклеарни материјали, се вели во соопштението на агенцијата.
МААЕ претходно денеска објави дека е прекинат далечинскиот пренос на податоци од безбедносниот систем за следење на украинската нуклеарна централа во Чернобил.
„Системите што го следат нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање на радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше окупирана од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија“, рече Гроси, пренесе Гардијан.