Зеленски: Директен дијалог со Путин може да го реши конфликтот

од Milan1
342 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека актуелниот конфликт во Украина може да се реши само преку директен дијалог со рускиот претседател Владимир Путин.

„Поентата не е што можам да дадам. Мојата цел во какви било преговори е да се стави крај на војната со Русија“, рече Зеленски во интервју за германски „Билд“, одговарајќи на прашањето дали е подготвен да ја признае независноста на Донбас и Крим.

Подготвен сум да преземам одредени чекори за да се стави крај на војната, може да се направат компромиси, но тие не смеат да значат предавство на мојата земја, рече украинскиот претседател и додаде дека другата страна треба да биде подготвена на компромис.

Зеленски оцени дека тоа е единствениот излез од сегашната ситуација.

„Сè уште не можеме да зборуваме за детали. Сè уште не сме имале директен контакт меѓу двајцата претседатели. Само по директни разговори меѓу двајцата претседатели можеме да ставиме крај на оваа војна“, посочи тој.

Слични содржини