Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на разговори за ставање крај на конфликтот во Украина, пишува „Politico“.
Шредер, кој беше канцелар помеѓу 1998 и 2005 година, беше под жестоки критики за одбивањето да ги прекине сите блиски врски со руските компании од почетокот на инвазијата. Тој е член на управниот одбор на рускиот нафтен гигант Роснефт и е шеф на одборот на акционери на компанијата задолжена за изградба на гасоводот Северен тек 2.
Германската влада се огради од средбата на Шредер со Путин, велејќи дека тие не се договориле за ништо.
Фото: VLADIMIR RODIONOV/GETTY IMAGES