272
Агенцијата на ОН за репродуктивно здравје денеска соопшти дека болницата во Мариупол е третото породилиште кое е уништено од почетокот на руската инвазија на Украина.
Другите две уништени болници се лоцирани во Житомир и Салтивка.
Mariupol. Russian artillery ruined maternity hospital and children hospital. A lot of killed and wounded women. No information about children and newborn yet. Hey, @UN how are you doing? Please retweet pic.twitter.com/QJSfUMMngW
— Dmytro Gurin, Ukrainian MP (@DmytroGurinMP) March 9, 2022
– Болницата во Мариупол не е единствената што е уништена во нападот. Породилиштата во Житомир и Салтивка беа уништени претходно, изјави Хаиме Надал, шеф за Украина на Фондот за население на ОН.