Русија забрани извоз на жито во некои земји

од Nikola Popovski
216 прегледи

Русија денеска го забрани извозот на пченица, ‘рж, јачмен и пченка во Евроазиската економска унија до 31 август, јави руската новинска агенција РИА.

Забраната за извоз на овие производи во Белорусија, Ерменија, Казахстан и Киргистан е донесена со цел да има доволно храна на рускиот пазар, велат од руското министерство.

Министерството за економија на Русија соопшти дека извозот на телекомуникациска, медицинска, земјоделска, автомобилска и електрична опрема, како и на некои шумски производи како дрво, е забранет до крајот на 2022 година, пренесува Би-би-си.

Дополнителните мерки може да вклучуваат забрана за пристап на странски бродови до руските пристаништа, соопшти Министерството.

Во соопштението се вели дека мерките се „логичен одговор на оние што и се наметнати на Русија“ и ќе влијаат на 48 земји, вклучувајќи ги ЕУ и САД.

Слични содржини