282
Поради руската инвазија на Украина раководството на Формула 1 донесе одлука да ги прекине телевизиските натпревари од трките во ова натпреварување на подрачјето на Русија.
Блокиран е пристапот до официјалниот канал на Формула 1, што е нов чекор во санкциите, кои организаторите на натпреварувањето ги насочија кон Русија.
Претходно беше одлучено да се забранат сите трки од Формула 1 во Русија, откако беше раскинат договорот со промоторот на Големата награда (ГН) на Русија.
Паралелно со ова, американскиот тим Хас претходно ја раскина соработката со рускиот спонзор Уралкали и го отпушти рускиот возач Никита Мазепин.