Шојгу: Околу 16.000 доброволци од Блискиот Исток се подготвени да се борат за Русија

од Milan1
261 прегледи

Владимир Путин изјави дека странски доброволци се добредојдени да помогнат во борбата против украинските сили.

„Ја поддржувам таа идеја. Секој кој сака да волонтира во редовите на руските вооружени сили треба да добие дозвола“, кажа Путин на состанокот на рускиот безбедносен совет.

Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, 16.000 доброволци од Блиски Исток биле подготвени да се вклучат во руските вооружени сили.

Путин исто така го одобри предавањето на заробените американски проектили „стингер“ и „џавелин“ на проруските борци во отцепените региони Доњецк и Луганск.

Слични содржини