Руските власти ја потврдија смртта на генералот Суковецки, бил убиен од снајперист

од Milan1
376 прегледи

Градската управа на руски Новоросијск преку соопштение потврди дека рускиот генерал Андреј Суковецки бил убиен во нападот врз Украина.

Тие наведуваат дека Суковецки, како заменик командант на 41-та комбинирана копнена бригада на руската армија, бил убиен на 28 февруари за време на борбена мисија во рамките на специјалната операција на руските воени сили во Украина.

Потсетуваат дека Суковецки и претходно учествувал во воени операции во Северен Кавказ и Сирија.

Пред една недела, украинските медиуми објавија, а многумина ширум светот објавија дека Суковецки бил убиен од куршум испукан од украински снајперист. Тие изјавија дека тоа е голема загуба за руската армија бидејќи тој бил генерал кој се борел и во Сирија.

Слични содржини