Пријавена бомба на лет за Москва, авионот се враќа во Белград

од Nikola Popovski
282 прегледи

Во авионот на линијата Белград-Москва била пријавена бомба, објави српски „Новости“.

За време на летот JU-652 од Белград за Москва, кој полетал во 14.15 часот, на аеродромот Никола Тесла стигнала електронска пошта во која се вели дека во авионот има експлозивна направа.

Екипажот бил информиран и авионот веднаш се свртел и се вратил во Белград.

Во 14.48 часот слетал на позицијата 3.000, која е предвидена за вонредни ситуации. Во авионот имало вкупно 209 патници и членови на екипажот кои биле евакуирани.

-Увид врши Специјалната антитерористичка единица со кучиња, пренесува „Новости“.

Фото: BETAPHOTO/VLADA SRBIJE/SLOBODAN MILJEVIĆ/MO

Слични содржини