321
Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко го нарече претседателот на Руската, Владимир Путин „воен злосторник“ и изјави дека Украина ќе продолжи да се бори.
„Ве молам, не верувајте му на Путин, не верувајте во Русија. Мислам дека Путин е воен злосторник. Тој е луд“, рече Порошенко во интервју за Си-Ен-Ен во Киев.
Тој рече дека, иако украинските сили имаат се помалку муниција, тие немаат намера да се откажат.
„Ние не му простуваме на Путин за такви работи и јас сум апсолутно убеден дека ќе се бориме во секоја куќа, секоја улица и секое маало, во Киев, во Харков… во сите градови ќе направиме пекол за руските војници и на крајот за Путин“, рече тој.
Порошенко изрази уверување дека Украина ќе стави крај на Руската империја.