Зеленски ги посети ранетите украински војници во болница

од Маја Анчевска
317 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска е виден пред неговата официјална резиденција во Киев, за прв пат по ескалацијата на руската инвазија. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како тој ги посетува ранетите во болница.

Облечен во воена униформа, украинскиот претседател им додели медали на ранетите војници и направи селфи покрај нивните болнички кревети.

Сликите и снимките на Зеленски досега беа прикажани само од неговата канцеларија или службена резиденција. Медиуми постојано шпекулираа дека 44-годишниот украински лидер ја напуштил  Украина.

Слични содржини