Најмалку две лица загинаа во утринава гранатирање на станбен блок во киевскиот кварт Оболон. Уште три лица се хоспитализирани, а на девет од нив им била укажана лекарска помош на лице место, извести Украинската Итна помош.
Една од зградите погодени од руското гранатирање е деветкатница која делумно се урна по гранатирањето. Украинските медиуми објавуваат снимки од местото на настанот, на кои се гледа како пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во зградата.
Украинската служба за итни случаи соопшти дека дојавата за нападот пристигнала нешто по 5 часот утринава. Други украински медиуми јавуваат дека спасувачите веднаш почнале со евакуација и гаснење на пожарот.