Според Ројтерс, од информации добиени од два владини извори, Германија начелно одлучила да го купи петтата генерација борбен авион Ф-35 на американската компанија Локхид Мартин (LMT.N) за да го замени своето старо Торнадо.
Извор од германската одбрана на почетокот на февруари изјави дека Германија се стреми кон купување на Ф-35, но дека се уште не е донесена конечна одлука.
Торнадото е единствениот германски борбен авион способен да носи американски нуклеарни бомби, складирани во Германија, во случај на конфликт. Но, воздухопловните сили управуваат со овој млазен авион од 1980-тите, а Берлин планира постепено да го укине меѓу 2025 и 2030 година.