323
Германските власти побараа од Полска да ги запре возовите со украински бегалци, изјави полскиот заменик министер за внатрешни работи Павел Шефернакер.
„Синоќа ни се јави германското МВР и прашавме дали можеме да ги запреме специјалните возови кои одат кон Германија, бидејќи таму веќе има тесно грло“, објасни тој.
Шефернакер рече дека 28.000 луѓе ја напуштиле Варшава, Краков и Катовице со специјални возови за три дена.