Милановиќ: За бомбата прашајте ги оние што зборуваат за неа на телевизија и имаат брада како поп Ѓујиќ

од Milan1
243 прегледи

Според него, истрагата за дронот ја води независен сектор на воената полиција. „Тоа се војници кои формално кореспондираат со Банет односно  сектор во министерството.

На прашањето дали Хрватска треба да има систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, тој одговори:

„Кој ќе работи со нив, кондуктери на ЗЕТ? Што ќе ни е Патриот нас? Не напаѓа ли Хезболах? Потоа да купиме уште 50 авиони. Премиерот си игра своја игра. Ако премиерот го добие Патриотот бесплатно, ако добие луѓе за него, секоја чест. Реалните амбиции треба да се разликуваат од глупоста. Тоа е глупост. Да бидеме одговорни кога зборуваме“, изјави Милановиќ

„Дали би го уништиле со ракета над Загреб и би го направиле уште поурнебесно?

Тој тогаш рече дека имал порака до премиерот Андреј Пленковиќ, кога повикал да се најдат средства за противвоздушна одбрана.

„Во моментов Хрватска ги нема. Затоа го изразив моето незадоволство пред три месеци. Прво набавете ги најевтините системи, а потоа нешто покомплексно“, додаде тој.

На прашањето дали дронот ја носел бомбата или не, претседателот на Хрватска одговори дека јавноста е мирна и безбедна и тоа е се што треба да се знае.

„Не можеме да зборуваме за тоа, особено не јас кој не сум експерт. Прашајте ги оние што зборуваа за тоа. Прашајте ги за бомбата оние што зборуваат за тоа на телевизија и имаат брада како поп Ѓујиќ, многу сум видел од нив на телевизија“, рече тој.

Во тек е истрага, повтори тој и додаде дека нема да зборува за детали.

„Би ги повикал оние пред камерите да не даваат детали на секои 15 минути. Ќе побарам да се изгради системот за противвоздушна одбрана. Сега е вистинското време. Можеби не е итно бидејќи вакво нешто веројатно никогаш нема да се случи“, рече хрватскиот претседател.

Според него, проектилот летал низ Унгарија.

Слични содржини